Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека следната недела во Њујорк ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, на маргините од заседањето на Генералното собрание на Обединетите нации, пренесува Анадолу.Во интервју за украинските медиуми, Зеленски појасни дека клучни теми на разговорот ќе бидат безбедносните прашања, инвестициите и воената соработка.„Средбата со американскиот претседател Трамп ќе се одржи за време на неделата на високо ниво на Генералното собрание на ОН,“ потврди Зеленски.За време на посетата на САД, Зеленски најави и средби со водечки личности од западните технолошки компании и одбранбениот сектор. Осумдесеттото заседање на Генералното собрание на ОН започна на 9 септември, а генералните дебати на кои ќе учествуваат светските лидери ќе се одржат на 23, 27 и 29 септември.

Сподели го овој напис