Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Мицкоски капитулирал пред иредентистичкиот притисок, премиерот кренал раце од Западна Македонија, но не и народот, велат од Левица
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Скопјанец со остар предмет и се заканувал на снаата и нејзиниот син
МВР
Сообраќајка во Визбегово, автомобил удри малолетник, итно пренесен на клиника
МВР
Напад и закани со огнено оружје на Бит Пазар
МВР
Му го пресекол патот, па му се заканувал со пиштол
МВР
Приведени четворица турски државјани: Пронајдени дрога, метален боксирач и нож
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Мицкоски капитулирал пред иредентистичкиот притисок, премиерот кренал раце од Западна Македонија, но не и народот, велат од Левица

Претрес.мк
Последни промени 19/09/2025
Претрес.мк
Сподели

„Премиер на држава, од “патриотската“ ДПМНЕ, како папагал повторува дека македонски кандидат не може да победи во Тетово, Гостивар и Струга. Премиере, кога ги избришавте овие градови од мапата на Македонија? Дали со ова им порачувате на Македонците од тие предели дека треба да се иселат, бидејќи според вас немаат никакви шанси?“, велат од Левица и додаваат:Македонија не е партиски или етнички пазар за размена на општини и функции. Тетово, Гостивар и Струга се исто толку Македонија колку и Скопје, Велес или Штип.Особено е скандалозно што токму ДПМНЕ, која се претставува како најпатриотска партија, отворено најавува поддршка за кандидатите на ВРЕДИ – луѓе кои јавно заговараат федерализација и претворање на Македонија во втора албанска држава. Со ова, Мицкоски испраќа јасна порака дека неговата борба за власт е далеку поважна од државните и националните интереси.Уште поскандалозно е што премиер на држава излегува и ги убедува Македонците дека самото кандидирање Македонци за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга било „антимакедонски чин“.Замислете, според Мицкоски, тоа што Левица единствена им понуди на граѓаните кандидати во овие општини е проблем.За каква демократија зборуваме кога премиерот однапред го потценува народот и нервозно го прогласува исходот – дека неговиот коалиционен партнер, во којшто очигледно е страстно заљубен, мора да победи?Жителите на Тетово, Гостивар и Струга заслужуваат избор – луѓе без криминално минато, без мафијашки врски, чесни, со визија и дигнитет. Левица им го нуди токму тоа на сите жители – Македонци, Албанци, Турци и сите останати подеднакво.Мицкоски треба конечно да сфати дека граѓаните не се наивни и не постојат за да му ја потврдат партиската агенда. Македонија не е нивна сопственост и не може да се разменува по тајни договори.Западна Македонија, како и целата држава, заслужува нов почеток со чесни градоначалници и советници кои ќе работат за сите граѓани и конечно ќе понудат развиток, а не уназадување.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Скопјанец со остар предмет и се заканувал на снаата и нејзиниот син
Сообраќајка во Визбегово, автомобил удри малолетник, итно пренесен на клиника
Напад и закани со огнено оружје на Бит Пазар
Му го пресекол патот, па му се заканувал со пиштол
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад