Естрадната ѕвезда Цеца Ражнатовиќ купила плац на Авала, каде што планира да изгради куќа.Како што пренесуваат српските медиуми, новите соседи на пејачката ќе ѝ бидат брачниот пар и естрадни колеги Миле Китиќ и Марта Савиќ, кои неодамна се вселија во својата вила, вредна околу 300.000 евра.„Цеца купи плац спроти нашата куќа, а тука близу е и Миле Китиќ. Се радуваме што ќе ни биде комшивка. Мислам дека познатите купуваат имоти во овој дел од Авала затоа што е мирно, а веројатно им недостига тој мир и сакаат малку да се тргнат од градската гужва,“ изјавил за „Блиц“ еден постар брачен пар кој со години живее во овој дел.Градежните работи засега не се започнати, а не е познато дали Цеца ќе се пресели таму или пак имотот ќе го користи за одредени потреби.

Сподели го овој напис