ВМРО-ДПМНЕ денеска упати остри критики на адреса на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што велат, лажна загриженост за здравјето на граѓаните и барајќи тој да се извини за, според нив, сериозните пропусти направени во неговиот мандат.„Филипче, наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето, треба да им се извини на граѓаните за тоа што во негово време здравствениот систем беше во хаос, за жртвите во корона кризата, за недостатокот на медицинска опрема и за пожарот во модуларната болница“, се наведува во реакцијата на партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека токму Филипче, како министер, не обезбедил кислород во болниците и, според нив, ги оставил граѓаните без заштита во најтешките моменти од пандемијата.„Филипче да им се извини на граѓаните за сите катастрофи и за сето сторено во неговото време – за сите здравствени, еколошки и национални порази“, истакнуваат од партијата.Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат Филипче дека не презел одговорност ниту за трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, прашувајќи „каде беше и зошто не одговараше“.Од партијата велат дека, за разлика од минатото, денес институциите реагираат одговорно и истрагата за неодамнешниот пожар во Трубарево е во тек.„Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Венко Филипче досега нема дадено изјава по повод обвинувањата.

Сподели го овој напис