Британска туристка на социјалните мрежи сподели пријатно изненадување од цените на храната во Турција. Таа во популарното летувалиште Мармарис пронашла ресторан во кој целиот оброк од три јадења чинел само 3,50 фунти (околу 4 евра).Во својата објава на TikTok таа наведе дека, и покрај приказните за инфлација, сè уште може да се најдат исклучително поволни понуди.„Доколку престојувате во областа Армуталан во Мармарис, можете да добиете оброк од три јадења за 3,50 фунти. Ако сакате да пробате традиционална турска кујна, навистина ви препорачувам да дојдете овде,“ порача туристката.Нејзината објава предизвика голем интерес и бројни коментари, а на љубопитните патници им откри дека ресторанот се вика Anadolu Yemek Evi. Многумина потврдија дека имаат позитивни искуства таму. „Го обожавам ова место, мојот сопруг постојано оди таму по храна за нас. Одлично е,“ напиша една корисничка, додека друга додаде: „Неверојатно е евтино.“Ресторанот има и одлични оценки на платформата TripAdvisor, со просек од пет ѕвезди, а еден посетител го опишал како „место со најдобра храна во Мармарис“.

Сподели го овој напис