Израелската армија во петокот соопшти дека ќе го нападне градот Газа со „невидена сила“, повикувајќи ги жителите на евакуација од подрачјето каде што се води голема офанзива, остро критикувана од меѓународната заедница.Со поддршка од САД, Израел во вторникот ја започна својата копнена и воздушна кампања на северот од енклавата, со цел уништување на палестинското исламистичко движење Хамас, чиј напад на 7 октомври 2023 година во Израел го поттикна сегашниот конфликт во Појасот Газа.„Израелските сили ќе продолжат со операциите со невидена сила против Хамас и другите терористички организации,“ изјави портпаролот на израелската армија, полковник Авихај Адрае, повикувајќи на евакуација на градот.Сепак, сведоштвата од терен зборуваат за хаос и очај.„Немаме каде да одиме,“ изјави за АФП Ум Мохамед ал-Хатаб, Палестинка од бегалскиот камп Шати во западниот дел на Газа. Таа додаде дека по бомбардирањето на нивната куќа со седумте деца живеат во шатор.„Не се плашам од смртта, се плашам за моите деца,“ вели 34-годишната Лејла Азам од Тел ал-Хава, која со своите три деца нема ни шатор за засолниште.Според проценките на ОН, до крајот на август околу еден милион луѓе живееле во Газа и околните области. Израелската војска во петокот соопшти дека околу 480.000 луѓе веќе го напуштиле подрачјето.

Сподели го овој напис