Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди руското нарушување на воздушниот простор на НАТО во Естонија, нарекувајќи го „скандалозно“ и повика на „одлучни мерки“ против Москва.„Ова не се случајности,“ порача Зеленски во објава на социјалната мрежа Х, потсетувајќи на долгиот список на руските нарушувања на европскиот воздушен простор, меѓу кои Полска, Романија и Естонија, како и наводните мешања во изборни процеси во Романија и Молдавија.Тој нагласи дека е потребна системска реакција:„Мора да се преземат силни дејствија – и колективно и поединечно од секоја држава. Русија мора да ја почувствува сè поголемата болка под притисок на светот, пред сè преку својата економија, а тоа најдобро се постигнува со санкции.“Зеленски додаде дека истовремено е клучно загубите на Русија во војната да продолжат да растат, што може да се обезбеди само со „силна украинска армија“.„Им благодарам на сите што помагаат. Европа, САД, групата Г7 – потребни се силни мерки од сите,“ порача украинскиот претседател.

Сподели го овој напис