Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полноќ се зголемува цената на Еуродизелот (Д-Е V) за половина денар по литар. Така, од утре на бензинските пумпи овој дериват ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар.Цените на другите горива остануваат непроменети. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по 75,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 77,50 денари за литар.Со оваа одлука, граѓаните ќе плаќаат малку повеќе само за дизел горивото, додека цените на бензините остануваат исти. Регулаторната комисија редовно врши усогласување на цените на нафтените деривати врз основа на движењата на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот.

Сподели го овој напис