Израелските сили денеска убија најмалку 11 Палестинци во Појасот Газа, меѓу кои седум лица во градот Газа, објави Ал Џазира, повикувајќи се на медицински извори од теренот. Израелската армија (ИДФ) најави дека ќе примени „сила без преседан“ во градот Газа, каде што е во тек голема офанзива, и ги повика жителите да се евакуираат кон југ.Според новите процени на ИДФ, досега околу 480.000 Палестинци го напуштиле градот Газа.Францускиот претседател Емануел Макрон денеска остро го обвини Израел дека одржува „трајна војна“ во Појасот Газа и најави дека во Франција ќе се отвори дебата за можни економски санкции кон Израел, доколку конфликтот не биде прекинат.

Сподели го овој напис