ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Левица на прес-конференција практично признала дека податоците кои биле доставени од свиркачи, а се однесуваат на парични средства кои од сметката на партијата завршиле во џебови на нејзиното тесно раководство, се точни.Од партијата нагласуваат дека парите од сметката на Левица, по различни основи, завршиле кај раководството, а дополнително посочуваат дека Јована Мојсоска самата изнела информација дека била сметководител на Левица. Според ВМРО-ДПМНЕ, доколку ова е вистина, станува збор за противзаконски акт.Во соопштението се повикуваат и на Законот за пратениците, при што детално се цитираат членовите:Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“„Законот е јасен – Јована Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Доколку е вистина улогата на сметководител, таа сериозно го прекршила Законот,“ стои во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Левица, „бегајќи од вистината, се заплетка во сопствените шеми за извлекување партиски средства за лични потреби на раководството“.Во реакцијата се наведува и дека „под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост, партијата испумпува пари на лични трансакциски сметки“.„Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кој се испумпуваат средства. Вистината е на виделина – Левица не е имуна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа,“ се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели го овој напис