Министерството за внатрешни работи регистрирало два одделни случаи на физички напади врз малолетници во Скопје.Во првиот случај, на 21.09.2025 во 02:40 часот, 47-годишната В.Н. од Скопје пријавила во СВР Скопје дека претходната вечер, околу 22:30 часот, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник на игралиште на подрачјето на општина Аеродром.Во вториот случај, на 20.09.2025 во 23:30 часот, 18-годишниот А.З. пријавил дека околу 19:50 часот на подрачјето на општина Карпош, тој и неговата 15-годишна другарка биле нападнати од три лица, од кои едниот го познавал.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.

Сподели го овој напис