ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на изјавата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, , оценувајќи дека неговите наводи за „емисари“ од опозицијата се „измислици и сценарија што постојат само во неговата фантазија“.„Со вакви изјави, Османи се обидува да ја прикрие паниката во која се наоѓаат ДУИ и СДС пред сигурниот изборен пораз. Ситните трикови на грофот од Зајас не минуваат ниту во детска градинка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата нагласуваат дека единствената порака што ја носат нивните претставници е повикот за одговорност за, како што ги нарекоа, „криминалниот картел ДУИ – СДС“.„Османи денес е ништо друго освен последниот портпарол на картелот кој граѓаните одамна го препознаа. Но, неговата одбрана е залудна – нема повеќе политичко мешетарење и пазари зад грбот на народот“, додаваат од опозициската партија.Според ВМРО-ДПМНЕ, локалните избори во октомври ќе бидат „јасна пресуда на граѓаните“ кои ќе ги испратат ДУИ и СДСМ во „политичка пензија“.

Сподели го овој напис