Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: И детето пукало од автоматска пушка во Тетово – се бараат притвори, Обвинителството соопшти детали
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Фото) МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
МВР
Полицијата приведе 15 возачи за безобѕирно возење – 12 без дозвола
МВР
Маж починал во угостителски објект, идентитетот се утврдува, телото на обдукција
МВР
Судир меѓу „пежо“ и мотор „БМВ“ – млад мотоциклист со тешки повреди
МВР
Додека кршел стакло за да ги тргне возилата, повредено лице во вчерашниот пожар на стариот полигон – МВР со детали
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

И детето пукало од автоматска пушка во Тетово – се бараат притвори, Обвинителството соопшти детали

Претрес.мк
Последни промени 12/08/2025
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – за бруталното пукање на 10 август на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, при кое загина едно лице, а тројца беа тешко повредени, меѓу кои и дете.

“Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кои е осомничено дека сторило кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 3, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
За истите дела со него како соизвршител е осомничено и едно дете за кое е поведена постапка согласно Законот за правда за децата.
Наредба за спроведување истражна постапка е донесена и против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство (во обид) по член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 10 август, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, првиот осомничен и детето во судир со законотнродено во 2010 година, со умисла, како соизвршители и со употреба на огнено оружје – автоматски пушки кои на граѓаните им се забранети, лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон онавтомобил ’Голф’ со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил со тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година кое се затекнало во непосредна близина, по што осомничениот заедно со детето во судир со законот се оддалечиле од лице-место.

Иако бил ранет од престрелката, вториот осомничен и уште едно лице извадиле огнено оружје – пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди во торакалниот дел, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност иато така била загрозена. За сите осомничени, вклучувајќи го и детето во судир со законот, јавниот обвинител предложи определување мерка притвор”, велат од Обвинителстовтвото.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Фото) МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
Полицијата приведе 15 возачи за безобѕирно возење – 12 без дозвола
Маж починал во угостителски објект, идентитетот се утврдува, телото на обдукција
Судир меѓу „пежо“ и мотор „БМВ“ – млад мотоциклист со тешки повреди
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад