Маж од тетовското село Теарце е кривично пријавен за телесна повреда, откако, според пријавата, физички ја нападнал сопругата, ја избркал од домот и ѝ ја запалил личната карта.СВР Тетово поднесе кривична пријава против 36-годишниот А.Ф. поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Настанот се случил на 6 август 2026 година, по претходна расправија меѓу сопружниците.
Сподели го овој напис
