Жена од Крива Паланка е лишена од слобода откако нејзиниот сопруг пријавил дека го нападнала со остар предмет во семејниот дом.Според информациите од МВР, 24-годишната А.И. била приведена на 19 ноември, околу 15:20 часот, од полициски службеници на ОВР Крива Паланка, по претходната пријава од сопругот. Таа е задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Сподели го овој напис
