Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Фрчкоски за кривичната: Срамен притисок врз критичарите на власта, немаат ни срам ни перде
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Во живо) Фериде Демирова со мерцедес порше и три стана примала социјална помош, говори нејзиниот адвокат
Претрес
(Во живо) Бојан Антиќ тврди дека сопругата не ја малтретирал, туку таа му го скршила носот, а на синот му удрил воспитна шлаканица
Претрес
(Во живо) Сања Антиќ бара развод од сопругот поради малтретирање: Обвинителството од насилникот направи жртва
Претрес
(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“: Со социјална помош до луксуз, која е шемата? Сведоштво за насилство кое обвинителот не го гледа
Претрес
Се казнува автоматски, ама плаќањето се докажува на стариот добар начин со уплатници во станица – МВР уште нема софтвер
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Брифинг

Фрчкоски за кривичната: Срамен притисок врз критичарите на власта, немаат ни срам ни перде

Претрес.мк
Последни промени 13/05/2025
Претрес.мк
Сподели

„Власта и Министерството за надворешни работи направило срамна, банална и полна со неточности кривична пријава за проф. Љубомир Фрчкоски и неговата функција Амбасадор при ООН во Њујорк – за да изврши притисок врз неговите јавни настапи кои се критички кон власта“, вели ексамбасадорот на Македонија во Њујорк, Љубомир Фрчкоски.

Неговиот допис во целост:
После голема пауза на проценка дали професорот ќе молчи или ќе ја критикува власта за погубните политики, МНР сепак одлучило да изврши притисок со појава на комична и полна неточности кривична пријава за целата екипа на Амбасадата на НРМ во Њујорк со цел ширење страв и замолчување.

Во пријавата без срам и перде се наведува дека имало:

– пречекорување на сметките за мобилни (?)
– поправка на возило без дозвола на МНР (?)
– земање на аванс за службено патување (иако целиот аванс е вратен во буџетот, сепак МНР не било задоволено (?))
– вонредни авио билети по повод смртен случај во фамилија (исто така редовно вратени во буџетот), но МНР пак не било задоволно (?)
Според Законот за МНР и Правилникот за плати и надоместоци на МНР, Амбасадор е овластен и може законски да врши пренамена на средства според потребите на работата на амбасадата и сите сторени “пречекорувања“ се сторени во рамките на неговите законски овластувања.

– Но најголемо незнаење е манипулацијата со парите добиени од сукцесија (продажба на објектот на СФРЈ) во Њујорк, кои дојдоа на сметка на Мисијата. Имено, се вели дека наспроти инструкциите на МНР и Финансии не бил ВЕДНАШ уплатени во буџетот сиот износ, туку на неколку рати бил уплаќано (сиот износ сепак е уплатен без сомнеж). Тоа било нужно да биде така бидејќи финансиските служби на Њујорк инсистираат да останат средства од сукцесијата на сметката – како гаранција за наплатен данок. Додека купувачот на објектот не го плати данокот (тој е задолжен за тоа) средства мора да има на сметките на сите републики од бивша СФРЈ во Њујорк – за да може во ситуација на проблем данокот сепак да биде нплатен од нивните сметки. Тоа е обврска и задолжение од финасиските власти и сите републики не ги вратиле парите во своите буџети туку задржале дел на своите сметки на мисиите во Њујорк. Така направила и Македонија. Кога данокот (по една година дена) е наплатен од купувачот тие средства се ослободени за сите републики и тие ги вратиле во своите буџети. Така направила и Македонија. Но МНР бидејќи нема поим за тоа го обвинува Амбасадорот – не постапил по инструкциите на МНР и Финансии да ги врати сите пари веднаш?! Тој и да сакал не можел. Но тоа е тоа, со законски непознавања останува само лоша намера за притисок по секоја цена.

Љубомир Фрчкоски, 13 мај 2025, Скопје

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Во живо) Фериде Демирова со мерцедес порше и три стана примала социјална помош, говори нејзиниот адвокат
(Во живо) Бојан Антиќ тврди дека сопругата не ја малтретирал, туку таа му го скршила носот, а на синот му удрил воспитна шлаканица
(Во живо) Сања Антиќ бара развод од сопругот поради малтретирање: Обвинителството од насилникот направи жртва
(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“: Со социјална помош до луксуз, која е шемата? Сведоштво за насилство кое обвинителот не го гледа
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад