Тврдењето од обвинетиот Велибор Манев, дека Љупчо Палевски-Палчо му покажувал фотографии од друга жена која требало да биде грабната, првообвинетиот го негира. Според Палевски, исказите биле поради како што вели, „квалитетниот ќотек“, а додека тој беше во бегство во Турција. Сведочеше и за тврдењата дека тој ја сликал Вања откако ја убил.
„Не сум ја сликал ниту покажувал Вања, затоа што не знаев дека постои тоа дете. Сликите кои ги спомннува Манев би требало да му помагаат во неговите намери и она што го направил, да не згреши, а не да направи грешка. Интересно е што овие околкости, сликање на жртвата се појавуваат во вториот негов исказ на 6.12, кога го посочува таткото на убиенто дете со име и презиме, а на 3.12, претходно, дава изјава само: ‘Палчо ги знаеше родителите’. Слика од жртвите на телефон постои само на телефонот на Манев и тоа од оштетениот Панче. Затоа тврдам дека ќотекот од две недели не е случаен и не е измислено само лажното твдење дека Александар ми давал информации, туку и сите останати тврдења на Манев и на Кешишев се последица од квалитетен ќотек и потребите на ОЈО да ме произведат во монструм, како што ме нарекувал Димовски на 3.12, кога го лишувал од слобода Ѓорчевски. Како и сѐ останато, оваа истрага е со ти реков, ми рече, и затоа очајно се темели целава оваа нарачана пресуда на едно фалсификат видео и два трагично смешни искази кои наводно го потвдуваат видеото“, сведочеше Палевски.
Тој рече дека во зградата од каде е грабната Вања Ѓорчевска, последен пат бил пред 26 години.
Кога последен пат сте биле во зградата од каде е грабната Вања Ѓорчевска.
„Но, сум бил до објектот затоа што до самиот влез на зградата поседувам трафстаница од која се напојуваат 11 станови во таа зграда и неколку локали во објектот. Но, физички не сум бил во таа трафостаница во последните 10 години. Од последниот краток состанок за продажба на таа трафостаница, сум ја покажал на интернет, а немало потреба да одам дотаму. Сум одел до ‘Ради Рим’, кое е на околу 150 метри од зградата, никогаш до таму не сум бил со ‘кангуто’. На стотина метри од зградата поседувам нефункционален простор, кој не го користам, а имав намера да го продадам. Последно место во Дебар Маало каде сум се движел е Општина Центар, но таму не сум бил одамна“, рече Палевски.
Тој негира и дека давал инструкции за тоа како да се грабне Вања Ѓорчевска, како што тврдеше Кешишев.
„Во ЈО му го поставиле вистинското прашање на 6.12 од каде знае дека местото на настанот се вика Дупки, како што рекол на 3.12. Тој им рекол дека дознал во меѓувреме, а во меѓувреме е во притвор. Се поставува прашањето како дознал како се вика местото на настанот, затоа што 3 дена претходно тој кажал дека тоа е некаква мала депонија, а не место ‘Дупки’. Ќотекот продолжува и после 3.12, кога го посочил Александар Ѓорчевски, ќотекот продолжил и во наредните 2 недели, според исказите на сите обвинети. И покрај тоа што го посочил Александар, но ќотекот подложил и за местото на настан Дупли и за тоа дека Палчо пукал. Но, денес е нејасно дали полицијата го носеа Влатко Кешишев на местото на настан Дупки или Кешишев ја однесе полицијата“, додаде Палевски.
Децидно одново негираше дека бил на местото каде била убиена Вања. На прашањето од адвокатот Страшевски: „Во обвинението стои дека по налог на Палевски обвинетиот Манев го извади оштетеното дете од гепекот, по што обвинетите ја доближиле и ја ставиле во претходно ископаната дупка. Точно ли е?“, Палевски одговори: „Ќе повторам, не е вистина тоа тврдење. Не можам да дадам налог, не сум бил на местото на настан Дупли. Во обинението ОЈО тврди дека дупката е претходно ископана. Велибор пред судот тврди дека прво е пукано во детето, а потоа по моја наредба биле принудени да копаат дупка. Тоа е спротивно на обвинението. Кешишев рече дека дупката е копана, па Вања е извадена, а додека чувал стража слушнал истрел, се свртел и ме видел мене со пиштол во раката. На оваа околност исто така имаме 3 или 4 варијанти од искази, па дури и еден ист обвинет дава 3 различни искази во 3 распити. Од тоа кој го извади детето од гепекот, кој копал, ако и кога копал, За овие околности двајцата, Манев и Кешишев се комплетно различни и спротивни од обвинението“.
На крајот одговори и на прашањето од Страшевски, дали е точно дека испукал куршум во Вања, обвинетиот Палевски одново негираше.
„Како и се претходно, и ова тврдење не е точно. Не сум бил на местото на настан Дупки и не сум пукал во Вања Ѓорчевска. Во судницата ЈО донесе јастуци кои се без вештачење, без прострена дупка во нив, без барутни траги како доказ, а во обвинението тврди дека е пукано преку перниче. Тотално е нејасно зошто се донесени јастуците како доказ ако на нема траги од барут. Но, како и се друго во ова обвинение, ќе направам една кратка илустрација од 5 точки. Овие точки не се навреда, туку гола вистина и факти од ова судење. Број 1, според ОЈО двојниот убиец бара од судот наредба за издавање податоци за оружјето, судот го одбива после 6 месеци од барањето Број 2, чаурата пронајдена во Рудник двојниот убиец ја предлага како доказ, затоа што ОЈО заборавило да ја предложи, а судот 4 месеци не се изјаснува дали чаурата ќе биде доказ. Број 3, двојниот убиец предложи сведок, полицаецот Кукунџиевски, кој потврди дека токму тој одзел оружје од сообвинет, но недостасувало оружјето со калибар од 9 милиметри“, рече Палевски.
Распитот е во тек.