Повеќе физички напади се пријавени во Скопје во текот на изминатите часови, при што полицијата интервенирала на неколку локации низ градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.Еден од посериозните случаи се случил во Карпош, каде млада девојка била нападната од група.„На 09.04.2026 во 22:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа Е.Ј.(18) од Скопје. Според пријавеното, околу 21:00 часот на подрачјето на Карпош, по претходно договорена средба, Е.Ј. физички ја нападнала И.И.(20) од Скопје, по што повикала и неколку нејзини пријателки, кои исто така физички ја нападнале И.И., при што едната од нив употребила тврд предмет“, соопшти МВР.Напад бил пријавен и во Старата скопска чаршија.„На 09.04.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, М.Б.(47) од Скопје пријави дека околу 11:00 часот пред влезот во Старата скопска чаршија во Скопје, додека извршувал службени задачи како вработен во општина Центар, бил физички нападнат од едно лице“, соопшти МВР.Во друг случај, нападнат бил и малолетник.„На 10.04.2026 во 00:20 во СВР Скопје, Е.Џ.Б.(47) од Скопје пријави дека на 09.04.2026 околу 23:20 часот на подрачјето на Центар, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице“, соопшти МВР.Физички напад доживеал и таксист во центарот на градот.„На 10.04.2026 во 02:00 часот во СВР Скопје, Љ.Б.(54) од Скопје пријави дека околу 01:30 часот на подрачјето на Центар, откако одбил да превезе повеќе лица од дозволеното во неговото такси возило, бил физички нападнат од едно лице, кое му го оштетило и мобилниот телефон“, соопшти МВР.Нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка било пријавено и во Шуто Оризари.„На 10.04.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 09.04.2026 околу 21:00 часот во двор од семејна куќа на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Д.(50) и Н.А.(22), двајцата од Скопје“, соопшти МВР.Дополнително, напад со тврд предмет бил пријавен и на Бит Пазар.„На 09.04.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ѓ.С.(59) од Скопје пријави дека на 08.04.2026 околу 09:00 часот пред неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговиот сосед И.М., кој употребил и тврд предмет“, соопшти МВР.Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на сите случаи.
Сподели го овој напис
