Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Охридска полиција гони агенција за јавна набавка: Не ангажирале доволно лиценцирани лица
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Уапсен велешанец што возел мотоцикл на игралиште, полицијата му го одзеде мотоциклот
МВР
Физички ја нападнал партнерката, кривична за 32-годишен гостиварец
МВР
По расправија во сообраќајот му се заканувал со нож
МВР
Судир меѓу автомобил и мопед во Скопје, мотоциклист тешко повреден
МВР
Пронајден починат мигрант кај Гевгелија
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Охридска полиција гони агенција за јавна набавка: Не ангажирале доволно лиценцирани лица

Претрес.мк
Последни промени 10/04/2026
Претрес.мк
Сподели

СВР Охрид поднесе кривична пријава против агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје и нејзиниот сопственик и управител И.С.(57), поради сомнение за злоупотреба во постапка за јавна набавка, соопшти Министерството за внатрешни работи.„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје и И.С.(57) од Скопје, сопственик и управител на агенцијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство““, соопшти МВР.Според полицијата, пријавениот не ги исполнил обврските од договорот склучен со Управата за заштита на културното наследство.„И.С., со неизвршување на обврските по склучување на договорот со Управата за заштита на културното наследство, не ги исполнил техничките услови предвидени во договорот, односно ангажирал помал број на вработени лица“, соопшти МВР.Клучен проблем бил недостигот на лиценциран кадар, кој бил задолжителен според договорот.„Еден од основните услови за квалитетно извршување на договорот е економскиот оператор да има вработено или ангажирано минимум 10 лица за физичко обезбедување кои имаат лиценца и легитимации и да има вработено или ангажирано минимум пет лица за техничко обезбедување кои имаат лиценца за техничко обезбедување“, соопшти МВР.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Уапсен велешанец што возел мотоцикл на игралиште, полицијата му го одзеде мотоциклот
Физички ја нападнал партнерката, кривична за 32-годишен гостиварец
По расправија во сообраќајот му се заканувал со нож
Судир меѓу автомобил и мопед во Скопје, мотоциклист тешко повреден
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад