Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Велибор Манев сведочеше како ја грабнале Вања: Палчо им дал слика, им кажал дека е жена, планот успеал од третпат
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(ВО ЖИВО) Бочварски без конкретен одговор дали државниот обвинител Коцевски треба да биде разрешен
Претрес
(ВО ЖИВО) СДСМ умира или се преродува? За Груби, Филипче, Заев, Кочани, скандалите автопатите со Бочварски
Претрес
Крвава пресметка во Чаир: постака против 18-годишник кој прободел малолетник во граден кош
 Предмети
Само заедничка соработка ќе ја направи Европа побезбедна, посилна и пообединета, порача Тошковски од Салцбуршкиот форум
МВР
Кумановец се обидел да прегази полицајци во прилепско
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судски постапки

Велибор Манев сведочеше како ја грабнале Вања: Палчо им дал слика, им кажал дека е жена, планот успеал од третпат

Претрес.мк
Последни промени 13/03/2025
Претрес.мк
Сподели

Обвинетиот Велибор Манев раскажа дека од зградата во Скопје каде е киднапирана Вања Ѓорчевска, требало да биде изнесена жена на возраст од 38-40 години. Манев сведочеше дека Љупчо Палевски Палчо: „Цело време ни ги покажуваше сликите на жената на телефонот, стварно изгледаше на 38-40 годишна жена дали беше фотошопирана важно староста не беше за дете“.

Интегрално, „Скопје1“ го пренесува распитот на Манев:

Адвокатот Горан Бошевски: Се исклучивме кај Катланово, по стариот пат продолживме за Скопје. Каде отидовте во Скопје?

Обвинетиот Манев: Па искрено возев, до Хиподром, не знам ни јас како возев, кога дојдов кај Хиподром го видов пикапот, значи тргнавме за Скопје, Палевски со Влатко Кешишев наред, а јас и Боре во ‘цитроенот’ позади нив. Преку моторола Палевски ми кажа да го следам и он скршна према Кванташки. И пред пругата, тука запре имаше паркинг и ми рече тука да го оставиме возилото на Панче Жежовски да го паркирме тука на паркингот. Откако паркиравме, нѐ товари во задниот дел од пикапот и не однесе во канцеларија.

Адвокатот Горан Бошевски: Што разговаравте после тоа?

Обвинетиот Манев: Отидовме во канцеларија, кога влеговме, Боре отиде до тоалет, Влатко отиде да прави кафе, останавме ја со Палчо и го прашав зошто сето ова, он ми рече ‘прекини Вељо, ништо не разбираш прекини да не се повторувам’. Мислеше најверојатно на тоа дека ќе расипеме пријателство и фамилијата ми е убава. Влатко дојде, и Боре мислам го испивме кафето, станав да си одам заедно со Боре со автобус да си одиме и нѐ праша „каде?“ Му реков ќе си одам за Велес. За вечер повторно да се видиме, му реков дека немам пари, со последните пари што ќе ги дадам за автобуски карти за Велес, дека нема да можам да дојдам и немам со што да дојдам. Ги зема клучевите од пикапот, ни ги даде и вика со ова ќе одиш и вечер пак ќе дојдеш со него гориво има.

Адвокатот Горан Бошевски: Дали дојдовте истата вечер во Скопје?

Обвинетиот Манев: Да. Палевски нѐ однесе до местото викано Оризови или не знам Дупки (местото каде е убиена и закопана Вања), и што да видам под самиот пат имаше лозја необработени, и некои столпчиња бетонирани и мислев дека тука ќе се чува грабнатата жена, го видовме местото и се вративме во канцеларија. Чекавме, оти беше уште рано, прилегнавме да дремнеме по малку, првиотпат, тргнавме да ја грабнеме жената, малку закаснивме временски, и поради тоа што не можевме да стигнеме на време, тука се вратив, со колата што претходно ја земавме од паркираното место, на Панче Жежовски, и повторно се вратив и го препаркирав вториот пат на главната улица на поширок тротоар на главната улица кон Мааџари. Од десна страна. И си заминавме после тоа до канцеларија, не се задржавме многу, и од таму продолживме до Велес со пикапот ‘кангу’.

Адвокатот Горан Бошевски: Кога следен пат дојдовте до Скопје.

Обвинетиот Манев: Во четвртокот ноќта повторно бевме во Скопје и да пробавме по втор пат за да ја грабнеме жената што претходно ја лоцирал Палевски. Стасавме на местото, пред зградата, требаше по кажување на Палевски, жената да се бутне по скалите по излезот, да се бутне во нискиот дел она зградата и таму да сме ја врзувале. Ми дојде дека од еден до дуќаните. излезе жена, па така се одложи и вториот пат грбнувањето.

Адвокатот Горан Бошевски: Која особа планиравте да ја грабнете?

Обвинетиот Манев: Претходно, Палевски кажуваше повеќе особи, една запамтив, беше директор на Гранит, Страшо, наводно. Така го кажуваше, не го познавам не знам ни како изгледа. После тоа се одлучи на жена на 38-40 годишна жена, ќерка на некој од фармацевтските куќи. Цело време пред да се случи самото грабнување, 10-тина дена претходно ја следел да ги видиме кога излегува, каде работи и наводно ја сликал. Цело време ни ги покажуваше сликите на жената на телефонот, стварно изгледаше на 38-40 годишна жена дали беше фотошопирана, важно староста не беше за дете.

Адвокатот Горан Бошевски: Кога го грабнавте женското лице?

Обвинетиот Манев: Тоа беше сабајлето 27-ми, третиот обид за грабнување.

Адвокатот Горан Бошевски: Од каде тргнавте од Скопје?

Обвинетиот Манев: Во текот на викендот, Палевски со уште една особа возилото на Жежовски го пренесуваат во Радишани. Кај пазарот на Радишани. Сабајлето на 27.11 нѐ однесе во Радишани и не остави со ‘кангуто’, тројцата, мене Боре и Влатко Кешишев, таму го стартувавме возилото и тргнавме кон зградата за грабнување.

Судењето е во тек, сведочењето продолжува…

Можеби ќе ти се допадне

Свиреп план, ладнокрвно извршување: Последниот збор на Обвинителството за убиствата на Вања и Панче

Палевски ќе одговара што според него правел дента кога е убиена Вања – ново рочиште

Палевски кажуваше каде според него бил кога девојчето е убиено: Криминалниот ум би ја убил Зорица Ѓоревска, а не Вања оти имотот ќе прејде кај Александар

„Слика од жртвите на телефон постои само на телефонот на Манев и тоа од Жежовски“, рече Палевски по тврдењето дека тој ја сликал убиената Вања

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(ВО ЖИВО) Бочварски без конкретен одговор дали државниот обвинител Коцевски треба да биде разрешен
(ВО ЖИВО) СДСМ умира или се преродува? За Груби, Филипче, Заев, Кочани, скандалите автопатите со Бочварски
Крвава пресметка во Чаир: постака против 18-годишник кој прободел малолетник во граден кош
Само заедничка соработка ќе ја направи Европа побезбедна, посилна и пообединета, порача Тошковски од Салцбуршкиот форум
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад