Возач на товарно возило е тешко повреден откако со камионот удрил во метална ограда на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на клучката „Радишани“.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 9 ноември, околу 11 часот. Во инцидентот учествувало товарно возило „ман“, управувано од 48-годишниот И.С. од Скопје.Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полициска екипа извршила увид на местото на несреќата.
Сподели го овој напис
