Поранешен студент на Факултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово доби кривична пријава поради упатување писмени закани кон деканот и професорите.Според информациите од МВР, 38-годишниот И.А. од Тетово на 6 октомври 2026 година оставил писмени закани во канцеларијата на деканот, наменети за него и за останатите професори на факултетот.СВР Тетово поднело кривична пријава против него поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Сподели го овој напис
