Кривична пријава за телесна повреда е поднесена против 61-годишен жител на Крива Паланка, поради сомнение дека физички го нападнал својот 12-годишен син.Според информациите од МВР, пријавата ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка. Инцидентот се случил на 29 септември 2026 година во семејниот дом во кривопаланечко, кога О.Р. физички го нападнал малолетниот син и му нанел повреди.
Сподели го овој напис
