13-годишен малолетник од Тетово се здобил со тешки телесни повреди откако со велосипед излетал од коловозот на улицата „114“.Според информациите од МВР, сообраќајната незгода се случила на 6 ноември во 09:30 часот. Повредениот велосипедист бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.
Сподели го овој напис
