ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.М. (43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 1 август 2026 година, во сендвичарница во Прилеп, пријавениот физички го нападнал А.С., а потоа фрлал различни предмети од инвентарот на објектот кон него.По нападот, З.М. со остар предмет упатувал закани кон присутните лица во објектот.
Сподели го овој напис
