СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Н. (39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од МВР информираат дека на 7 мај 2026 година, во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „тојота корола“, управувано од пријавениот.При прегледот во возилото биле пронајдени и одземени 29 ловечки патрони.
Сподели го овој напис
