Пожар избувнал во кујна за готвени јадења во склоп на маркет на подрачјето на Центар во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, настанот бил пријавен на 1 август во 16:25 часот, а пожарот избувнал околу 16:00 часот.Во инцидентот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Скопје.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Сподели го овој напис
