Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Вработените во обвинителствата бараат измени: Законот не ја гарантира самостојноста на системот
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
За викендот приведени 34 возачи поради безобѕирно возење
МВР
19-годишна девојка тешко повредена откако со „голф“ излетала од патот кај Неготино
МВР
Едно лице тешко повредено во судир на „опел“ и „фолксваген шаран“ во Скопје
МВР
Жена пријавила дека била претепана од сопругот во Центар
МВР
Полициски службеник приведен поради напад врз партнерката и нејзиниот малолетен син
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Вработените во обвинителствата бараат измени: Законот не ја гарантира самостојноста на системот

Претрес.мк
Последни промени 13/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Вработените во јавнообвинителската служба при сите обвинителства реагираат на Предлог-законот за јавнообвинителска служба, оценувајќи дека во сегашната форма тој не претставува реформски исчекор, туку пропуштена можност за спроведување на неопходните промени во системот.Во реакцијата посочуваат дека текстот доставен до Собранието значително отстапува од решенијата подготвени од Работната група во која учествувале претставници на Јавното обвинителство, институциите, академската заедница и меѓународните партнери.„Голем дел од решенијата што беа резултат на повеќемесечна работа не се рефлектирани во текстот на законот, без притоа да биде дадено образложение за причините поради кои се напуштени“, наведуваат вработените.Според нив, иако законот се претставува како дел од реформските процеси и исполнување на обврските од Реформската агенда, во него не се препознаваат клучните механизми за зајакнување на самостојноста на Јавното обвинителство и за издвојување на јавнообвинителската служба од системот на јавната администрација.Тие предупредуваат дека предложените решенија ги задржуваат постојните механизми на зависност во управувањето со човечките ресурси, не нудат одговор на кадровските проблеми и не предвидуваат суштинско подобрување на материјалниот статус на вработените.Дополнително, реагираат дека во предложениот текст е задржан и постојниот систем за пресметка на платите.„Најголемиот дел од одредбите се преземени од постојниот Закон за јавнообвинителска служба, додека измените се ограничени и не обезбедуваат суштински промени во системот“, стои во реакцијата.Од јавнообвинителската служба сметаат дека со ваквиот закон нема да се постигне зајакнување на институционалните капацитети на Јавното обвинителство, туку ќе останат истите слабости поради кои реформскиот процес бил инициран.Поради тоа, тие ги повикуваат пратениците пред конечното усвојување на законот внимателно да ги разгледаат нивните забелешки и да обезбедат законски решенија што ќе придонесат за поголема самостојност, ефикасност и професионализација на јавнообвинителскиот систем.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

За викендот приведени 34 возачи поради безобѕирно возење
19-годишна девојка тешко повредена откако со „голф“ излетала од патот кај Неготино
Едно лице тешко повредено во судир на „опел“ и „фолксваген шаран“ во Скопје
Жена пријавила дека била претепана од сопругот во Центар
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад