Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Доживотно ќе седи зад решетки штипанецот кој ја уби, па ја распарчи пријателката
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
15-годишник возел „ленд ровер“ без возачка дозвола
МВР
Патник физички нападнал возач на автобус на ЈСП во Скопје
МВР
Тешка несреќа кај Градско: Повредени девет лица, две со тешки повреди
МВР
По расправија во домот маж физички ги нападнал сопругата и детето
МВР
17-годишник од Радовиш силувал 13-годишно девојче
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Доживотно ќе седи зад решетки штипанецот кој ја уби, па ја распарчи пријателката

Претрес.мк
Последни промени 28/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Судот во Штип изрече доживотна казна затвор за 74-годишниот Денис Асанов, кој беше обвинет за свирепото убиство на 79-годишната Борјанка Николова, случај што ја потресе јавноста поради бруталноста.Пресудата ја соопшти судијката Јулијана Недкова во Основниот суд во Штип, прогласувајќи го обвинетиот за виновен за убиството извршено минатата година.Според обвинението, Асанов ја убил Николова на суров начин, при што по нанесените тешки повреди, со остар предмет ги отсекол главата и нозете, а дел од телото го закопал во дворот од неговата куќа. Останатите делови од телото не се пронајдени, и покрај обемните пребарувања што ги спроведоа полицијата и комуналното претпријатие „Исар“ на депонијата „Трештена скала“.Телото на жртвата било откриено две недели по смртта, а обдукцијата покажала дека имала скршени осум ребра и тешки повреди на градниот кош, најверојатно предизвикани од силен притисок.Во текот на постапката, обвинетиот првично признал вина пред истражните органи, но подоцна пред судот ја сменил изјавата, тврдејќи дека телото го пронашол во својата куќа.Обвинителството во завршните зборови побара казна согласно тежината на делото, додека одбраната, предводена од адвокатката Елизабета Панева, тврдеше дека доказите не се доволни и побара ослободителна пресуда, посочувајќи дека постои сомнеж во вината.Судот, сепак, ги прифати аргументите на обвинителството и донесе најстрога казна, оценувајќи ја бруталноста и тежината на злосторството.Со оваа пресуда, завршува првостепената постапка за еден од најтешките криминални случаи во поновата историја на Штип.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

15-годишник возел „ленд ровер“ без возачка дозвола
Патник физички нападнал возач на автобус на ЈСП во Скопје
Тешка несреќа кај Градско: Повредени девет лица, две со тешки повреди
По расправија во домот маж физички ги нападнал сопругата и детето
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад