Скопје се наоѓа во тотален хаос и нефункционалност веќе четири години, предупредуваат од СДСМ, посочувајќи дека јавниот превоз е колабиран, а состојбата во ЈСП е катастрофално лоша. Според партијата, главна причина за ова е неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните постојани кавги со градоначалничката Данела Арсовска.„Политичките пресметки се водат на грбот на граѓаните на Скопје. Затоа скопјани немаат превоз, немаат град“, соопштуваат од СДСМ.Од партијата потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, но, како што велат, советниците често ги кочат важните одлуки, што оди на директна штета на граѓаните. Дополнително, посочуваат дека и Управниот одбор на ЈСП е составен од кадри на ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз. Нема ниту ‘М’ од модерно Скопје. Ги нема ветените 250 нови автобуси кои Мицкоски ги ветуваше пред скопјани, а го нема ниту бесплатниот превоз. Сето тоа само затоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска“, наведуваат од СДСМ.Партијата директно ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за, како што велат, катастрофата што му се случува на ЈСП и на целиот град, и порачаа дека токму тие се најголемите виновници за состојбата во која се наоѓа главниот град.

Сподели го овој напис