Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Филипче: Гази Баба бара промени, Влатко е чесен, отворен за сугестии и работи за граѓаните
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите анкети, очекувам огромна победа
Новости
(Видео) Голем напад со дронови врз Москва – небото над градот затворено, летови откажани
МВР
Филипче: Гази Баба бара промени, Влатко е чесен, отворен за сугестии и работи за граѓаните
МВР
СДСМ: За хаосот во Скопје и ЈСП најголема вина имаат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски
Судски постапки
Пропаднаа пет кандидати за градоначалници: ДИК отфрли пријави во Скопје, Бутел, Центар
Новости
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Филипче: Гази Баба бара промени, Влатко е чесен, отворен за сугестии и работи за граѓаните

Претрес.мк
Последни промени 22/09/2025
Претрес.мк
Сподели

Сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ се покажаа како лага, и на централно и на локално ниво – нема никаква разлика, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д- р Венко Филипче, во општина Гази Баба.Филипче потенцираше дека се потребни промени, а тоа може да се постигне преку локалните избори, додавајќи дека жителите на општина Гази Баба заслужуваат локална самоуправа што ќе ги слуша нивните потреби и ќе реализира проекти за подобар живот и развој на општината.„Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката дека граѓаните сакаат подобро, сакаат подобра Гази Баба. СДСМ на овие избори излегува со чесна понуда, остварливи програми и компетентни луѓе со интегритет“, рече Филипче.Во изјавата, Филипче додаде дека кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Гази Баба, Влатко Митовски, има реални и издржани проекти кои се одговор на потребите на жителите на оваа општина.„Влатко Митовски пред граѓаните излегува со издржани решенија во програмата, за надминување на проблемот со кучињата скитници, за нова спортска сала, затворен базен но и субвенции за пазарџиите. Потребите на граѓаните на Гази Баба буквално се преточени во соодветни решенија“, рече Филипче.На овие локални избори како што кажа Филипче, разликата е јасна – граѓаните ќе бираат помеѓу докажани луѓе кои стојат зад својот збор и луѓе кои бегаат како кукавици при првата криза.„Не ветуваме лесен пат, но ветуваме борба – борба со главата високо. Време е за мерка во политиката: компетентност и резултати наместо гол ПР, работа наместо парада, ред наместо партиски хајки. Ве повикувам на заедничка борба, за подобра Гази Баба, за вашето семејство, за вашата улица, за вашиот град, за нашиот дом“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ти се допадне

(Видео) Голем напад со дронови врз Москва – небото над градот затворено, летови откажани

(Видео) Трамп и Маск повторно лице в лице: Читач на усни откри што си рекле еден на друг

СДСМ обвинува: Патниците се изложени на ризик, расипаниот радар е резултат на партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Македонската полиција се ребрендира – МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите анкети, очекувам огромна победа
(Видео) Голем напад со дронови врз Москва – небото над градот затворено, летови откажани
Филипче: Гази Баба бара промени, Влатко е чесен, отворен за сугестии и работи за граѓаните
СДСМ: За хаосот во Скопје и ЈСП најголема вина имаат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад