Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, како и американскиот претседател Доналд Трамп, задржува интерес и отвореност за насочување на целата украинска ситуација кон мирно решение.„Русија очекува дека САД и претседателот Трамп лично ќе вложат напори за да помогнат во ова прашање. Потоа ќе видиме што ќе произлезе од тоа,“ рече Песков во интервју за телевизијата Русија 1, пренесува ТАСС.Тој додаде дека за време на официјалната посета на Трамп во Велика Британија оваа недела, Лондон детално го информирал за своите планови да продолжи со притисокот врз Русија и дополнително да ги заостри санкциите.„Тоа не е нешто што ќе придонесе за решение,“ оцени Песков, кој ја нарече Велика Британија еден од лидерите на „проратниот табор“.Според него, претседателот Трамп во Британија веројатно слушнал многу за плановите за продолжување на притисокот врз Русија, за зајакнување на, како што ги нарече, „незаконските санкции“ и за обиди да се спречи Русија на секој можен начин, пренесува РИА Новости.

Сподели го овој напис