Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека досега се потврдени вкупно 303 листи за кандидати за градоначалници во општините и во Град Скопје, како и 558 листи за членови на општинските совети и Советот на Град Скопје.Во дел од општините – Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје – постапката сè уште трае, бидејќи одредени кандидатури се враќаат на корекција поради утврдени неправилности. Во моментот, во процес на корекции се осум листи за градоначалници и 20 за советници.ДИК информира дека се отфрлени пет кандидатски листи за градоначалници – по една во општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.По комплетирањето на процесот ќе следи ждрепка за утврдување на редоследот на кандидатите на единствената листа, закажана за 25 септември 2025 година.

Сподели го овој напис