„Со оглед на ситуацијата што се случува во Кочани најостро го осудувам говорот на омраза и линч кон Александра Соколова, којашто е кандидатка за советничка. Затоа што нападот кон Александра Соколова, е напад кон сите мајки, татковци и семејства кои ги изгубија своите најмили во пожарот во Пулс“, вели Жаклина Пешевска и додава:„Оттука, наместо да бидеме среќни, што се интегрирани во општеството, што учествуваат во носењето на одлуки во општините и во општеството, некој се дрзнал да ги линчува.Затоа, ги повикувам сите институции, доблесно да ја спроведат правдата. Но, во исто време ги повикувам сите женски организации, душегрижници и борци за женски права, да го осудат овој говор на омраза. Тука го спомнувам и го повикувам Форумот на жени од СДСМ да го осуди овој говор на омраза како и Клубот на пратенички којшто го води Јована Тренчевска.И повторно ќе повикам на разум, затоа што навистина донесовме низа документи, резолуции, кодекси за фер и демократски избори, само треба доблесно да се почитуваат, достоинствено да ја водиме оваа кампања која што ќе следи за локалните избои.Уште еднаш повикувам разумот да надвладее и да ги оставиме овие луѓе коишто ги изгубија своите најмили, коишто се соочија со најголемата болка во животот, да бидеме благодарни што собраа храброст да се вклучени во општествени процеси“.

Сподели го овој напис