Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во рамки на дозволените граници, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).Според податоците од мерењата спроведени вчера и денеска, просечната концентрација изнесува 9,7 µg/m³, додека максимално измерената вредност била 28,2 µg/m³. Во моментот на завршување на мерењата, вредноста изнесувала 20,1 µg/m³.„Просечните концентрации на PM10 честичките не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје. Овие резултати се во согласност со Уредбата за гранични вредности и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух“, наведуваат од Министерството.Мерењата биле извршени со автоматски систем AMBICON RTM – PM, нефлометар за реално време со светлосен сноп и циклон селектор, инструмент ES-642 METONE од САД, сертифициран за индикативен мониторинг според MCERTS стандардите на Обединетото Кралство.Министерството нагласува дека континуирано го следи квалитетот на воздухот со цел навремено информирање и заштита на населението.Ресорниот министер, Изет Меџити, денеска изјави дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за санирање на еколошките штети од пожарот во Трубарево.

Сподели го овој напис