Кибернетички напад насочен кон давател на услуги за системи за пријава и качување предизвика сериозни проблеми на неколку големи европски аеродроми, меѓу кои лондонскиот „Хитроу“, бриселскиот и берлинскиот аеродром, поради што дојде до доцнења и откажувања на летови, соопштија операторите.Нападот ги оневозможил автоматизираните системи, соопшти аеродромот Завентем во близина на Брисел.„Ова има големо влијание врз распоредот на летовите и, за жал, ќе предизвика доцнења и откажувања на летови“, стои во соопштението објавено на веб-страницата на операторот.„Давателот на услугата активно работи на проблемот и се обидува да го реши што е можно побрзо.“ Од „Хитроу“ предупредија и на доцнења предизвикани од „технички проблем“ кај надворешен добавувач.Патниците кои планирале летови во саботата беа советувани од погодените аеродроми да го проверат статусот на своето патување со авионската компанија пред да тргнат кон аеродромот.„Поради технички проблем кај давателот на услуги кој работи низ цела Европа, времето на чекање при пријавата е подолго. Работиме на брзо решение“, објави берлинскиот аеродром во банер на својата интернет-страница. Портпаролот потврди дека нападот не го погодил аеродромот во Франкфурт.

Сподели го овој напис