Рибите важат за најромантичниот и најемотивниот знак во хороскопот, а нивните амбиции и потреба за љубов ги издвојуваат од сите други.Жените родени во овој знак се вистински заводнички.За нив најголемата вредност е љубовта – не можат да бидат целосно среќни доколку не се заљубени. Подготвени се на големи жртви и откажувања, но често се врзуваат за партнери кои ја искористуваат нивната емотивност.Во такви врски многу даваат, а малку добиваат, па понекогаш утехата ја бараат во туѓa прегратка или во храната. Вистинската среќа ја наоѓаат тогаш кога покрај себе имаат маж кој безусловно ги сака и им дава чувство на сигурност.Мажите Риби, пак, се сметаат за идеални романтичари. Тие се нежни, грижливи и полни со внимание, а во младоста често се големи заводници кои ретко остануваат без обожавателки. Причината е што умеат да слушаат и да ја натераат секоја жена покрај нив да се чувствува посебна. Кога се заљубени, кон партнерката се целосно посветени и се трудат да ѝ ја исполнат секоја желба. Во врска бараат почитување и верност, но доколку наидат на несогласувања, знаат да побараат утеха надвор од брачната заедница. Сепак, со вистинска поддршка и разбирање, мажот Риби станува најодан и најверен сопатник што може да се посака.

Сподели го овој напис