Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, доживеа непријатен момент за време на конференцијата Meta Connect, кога во живо се обидуваше да ги претстави новите паметни очила Meta Ray-Ban Display. Демонстрацијата пропадна, оставајќи го во тишина и збунетост пред публиката.Очилата, кои требаше да ја покажат можноста за телефонски повик во реално време, целосно откажаа, па Закерберг беше приморан да импровизира и да го пополни непријатниот молк. Настанот предизвика бројни реакции, со коментари дека тоа е еден од најнесмасните настапи на еден технолошки лидер во живо.Но тоа не беше единствениот неуспех. „Мета“ се обиде да демонстрира и вештачка интелигенција преку готварски сегмент, каде што очилата требаше да дадат насоки за подготовка на сос. Уредот се „заглави“ и не успеа да препознае што се случува пред неговата камера, што резултираше со уште една незгодна сцена.Иако првичните рецензии за Meta Ray-Ban Display се позитивни, неславните настапи на конференцијата отворија прашања за подготвеноста на производот кој чини 799,99 долари. За компанијата која настојува да се позиционира како лидер во носливата технологија, ваквите моменти не се добар сигнал.

Сподели го овој напис