Од 26 септември стапуваат во сила построги правила за сите учесници во сообраќајот кои наместо на патот вниманието им е насочено кон мобилни телефони, слушалки или други уреди.Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, пешак кој ќе преминува улица разговарајќи на телефон или со слушалки во ушите ќе биде казнет со 40 евра. За возачите на тротинети, велосипеди, мотори и трактори, казната е уште повисока – 50 евра.Пешакот е должен да се движи и преминува внимателно, без употреба на електронски уреди кои го одвлекуваат вниманието,“ стои во членот 116-а од законот.И натаму важи дозволата за половина промил алкохол во крвта, но за возачи со над еден и пол промил казната скока на 375 евра и забрана за возење од девет месеци до една година.Паралелно, во законот е вметната и основата за целосна примена на системот „Сејф сити“. Камерите кои веќе тестираат прекршоци ќе почнат да издаваат казни од Нова година.Сепак, за целосно профункционирање на системот останува да се усвои и новиот Закон за прекршоци, како и да се изменат уште три други закони – задача што сè уште не е завршена во Собранието.

Сподели го овој напис