Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Тешка исповед на мајката на загинатиот Андреј во „Пулс“: Животот ми остана темница, те изгубив легнат на кревет без изгореници…
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Осуммина завршија во притвор по истрагата за финансискиот криминал во УЈП
МВР
Семејна драма во Чучер Сандево: маж со автомат се заканувал дека ќе ја убие сопругата и ќерките
 Предмети
(Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица
Новости
Лажни СМС-пораки и мејлови демнат граѓани: Апел од МВР за зголемена внимателност, по над 50 пријави за интернет измами
МВР
Провала и кражба во трговски центар во Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Тешка исповед на мајката на загинатиот Андреј во „Пулс“: Животот ми остана темница, те изгубив легнат на кревет без изгореници…

Претрес.мк
Последни промени 19/09/2025
Претрес.мк
Сподели

Шест месеци по трагичниот настан во Кочани, кога меѓу жртвите беше и нејзиниот син, мајката Марија Петрушева ги сподели своите болни чувства и неизмерната тага во јавна исповед. Во емотивниот текст таа раскажува како секој ден се обидува да ја почувствува присутноста на синот Андреј преку старите пораки и снимки на мобилниот телефон.Нејзината исповед, во целост:„Син на мајка – Андреј. Сине мој, сè уште стоиш во мојот телефон како ‘Син на мајка’. Секој ден повторно ги отворам нашите разговори и читам… барам трага од тебе, глас што нема да замолчи. Зборови што ми се како здив, но и како нож. Телефонот ми е во рака, проверувам – дали си ми пишал, дали имам пропуштен повик… секојпат се надевам на чудо. Сеуште ја бирам твојата шифра, почнувам порака – пишувам, пишувам – а одговор нема. Само мртва тишина.Поминаа шест месеци, сине. Шест месеци без тебе, без твојата насмевка, без твоите прегратки. И јас одбивам да прифатам дека никогаш нема да се вратиш. Душата ми е искината на милион парчиња. Секој ден ми е потежок, секој здив ми е потежок. Болката расте, а со неа и празнината.Секогаш се сеќавам на ноќта… Ноќта кога петнаесет минути неизвесност беа мојата најголема светлина. Последната вест што ја слушнав кога ве барав пред ужасот кој го затеков пред дискотеката: „Со амбулантно возило отидоа во болница, Андреј беше со слаб пулс, Кристијан е во свесна состојба, со него е…“ Петнаесет минути надеж. Петнаесет минути вера дека ќе останете живи и двајцата. А потоа… кога влегов и те видов легнат на кревет, без изгореници… не сфатив. Не прифатив. Не можев да поверувам дека е готово, дека те изгубив засекогаш. Само гласот на брат ти одекна до мене: „МАМО, МАМО, НЕ УСПЕА БРАТ МИ, ГО ИЗГУБИВМЕ ЗАСЕКОГАШ!“Тој крик ми ја распарчи душата. Се обидувавме да те анимираме, да те вратиме… Се борев да ја грабнам твојата душа назад, но Господ не ме послуша. Плачев: „Земи ме мене, Господи, остави го него. Тој е млад, тој е мојата иднина, тој е мојот живот!“ Но не… те изгубив, сине. Те изгубив засекогаш.Се враќам на тој ден – 16 март 2025 година – денот кога светот престана да постои за мене. Денот кога ми згасна сонцето. Денот кога ја изгубив мојата сила. Зошто, Андреј? Зошто не успеа? Зошто не можеше да се спасиш? Илјада прашања ми горат во мислите, но одговори нема. Само болка. Само црнина.Животот ми остана темница. Секој здив е како нож. Секој чекор е без смисла. Сине мој, ангеле мој – ми недостигаш повеќе од сè, повеќе од зборови. Те барам во сонот, те очекувам на вратата – да влезеш со насмевка и да ми речеш: „Мамо, тука сум“. Но се будам, и вистината пак ме убива. Ќе продолжам да пишувам пораки што никогаш нема да стигнат. Ќе продолжам да те барам во секоја светлина, во секој здив, во секое срце што чука околу мене. Зашто ти, Андреј мој си и ќе останеш мојата вечна љубов, мојата вечна рана, мојата вечна болка.“

Можеби ќе ти се допадне

Семејна драма во Чучер Сандево: маж со автомат се заканувал дека ќе ја убие сопругата и ќерките

Палевски се жали од судијата кој го осуди на доживотна робија

Дадена наредба за обдукција на двегодишното дете кое почина на Клинички, по повреда на новогодишната ноќ

Кривична постапка за „Јужна пруга“: објектот работел и покрај службена забрана

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Осуммина завршија во притвор по истрагата за финансискиот криминал во УЈП
Семејна драма во Чучер Сандево: маж со автомат се заканувал дека ќе ја убие сопругата и ќерките
(Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица
Лажни СМС-пораки и мејлови демнат граѓани: Апел од МВР за зголемена внимателност, по над 50 пријави за интернет измами
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад