Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април и упадот во Собранието, во поткастот „Претрес со Ландов“ за првпат јавно тврдеше дека пред да биде уапсен и обвинет, добил понуда да сведочи против поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков.Според Ченто, ако прифател да каже дека тие биле организатори на настаните од 27 април, немало да биде обвинет.„Имаше ситуации каде што требаше да ги кажам Митко Чавков и Никола Груевски дека биле организатори за 27-ми април. Меѓутоа надвор од памет да кажеш такво нешто ако ниту еден доказ нема“, вели Ченто.Тој тврди дека средбата се случила околу месец пред неговото апсење.„Месец дена пред да ме уапсат, ми се јавија, седнавме во Плаза де Торос. Лист хартија бел. ‘Кажи’, вика, ‘дека Груевски и Чавков се виновни за 27-ми април’“, раскажува Ченто.Според него, му била покажана снимка на која се гледа како го удира тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.„Ми покажуваат снимка: ‘Еве, снимка имаме овде дека си го удрил ти Зоран Заев’. И викам: ‘Да, бев во обвинителство за тоа и признавам дека така е’. ‘Не, не’, вика, ‘многу полошо, петнаесет години затвор минимум’“, сведочи Ченто.Тој додава дека ја одбил понудата.„Јас станав и си заминав. ‘Трајте, да не ве гледам’“, вели тој.Ченто тврди дека сличен обид имало и додека бил во притвор во Шутка.„По месец ипол-два, во Шутка, по полноќ, ми ја отвораат вратата и ми велат: ‘Јане, имаш посета од адвокат’. Викам: ‘Каква посета од адвокат во полноќ?’ Одам таму – истите двајца. ‘Уште понудата важи, кажи ги и ти си на слобода’. Им реков: ‘Добро е што сте вие, оти мислев дека нешто може да ми се случи’“, раскажува Ченто.На прашање кои биле луѓето што му ја нуделе оваа спогодба, Ченто одговори:„Од МВР се“.Тој посочи дека никогаш не го пријавил случајот во институциите, но дека му го кажал на Никола Груевски кога подоцна бил посетен од него за време на куќниот притвор.Повеќе детали, во емисијата „Претрес со Ландов“.
Сподели го овој напис
