Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка, овозможил доградба без важечко одобрение!
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол
МВР
Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари
МВР
Поранешен студент оставил писмени закани за деканот и професорите на Факултетот за уметности во Тетово
МВР
Зел капар од 2.500 евра за молерисување куќа, па не ја завршил работата – кривична пријава за 39-годишник
МВР
(Видео) Тешко повреден возачот на камионот кој излета од скопската обиколница
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка, овозможил доградба без важечко одобрение!

Претрес.мк
Последни промени 24/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, се најде под удар на законот само неколку месеци пред локалните избори – против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Митовски е третопријавен во случајот што го процесуира СВР Куманово, во кој, според полицијата, со негово одобрување било овозможено физичко лице да продолжи со градба на објект со деловен простор иако дозволата била со истечен рок.

Од МВР информираат дека кривични пријави се поднесени против вкупно три лица – К.П. (59), М.К. (41) и С.М. (38), сите од Крива Паланка.

Првопријавениот, вработен во општината, изготвил решение за промена на инвеститор спротивно на Законот за градење, и покрај тоа што одобрението за градба било веќе неважечко. Второпријавената, која е раководител на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина, не извршила потребен надзор и без да го провери рокот, со свој потпис го одобрила решението.

Како што стои во соопштението, Митовски, во својство на градоначалник, не постапил со должно внимание и со свој потпис или факсимил и печат на општината, го потврдил документот како валиден, со што му овозможил на инвеститорот Г.С. да ја продолжи изградбата и покрај истечената дозвола.

фото: ФБ

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол
Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари
Поранешен студент оставил писмени закани за деканот и професорите на Факултетот за уметности во Тетово
Зел капар од 2.500 евра за молерисување куќа, па не ја завршил работата – кривична пријава за 39-годишник
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад