Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) „Обвинителството повторно го уби Љупчо“ – семејството разочарано по одлуката да нема обвинение
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Навреди, шлаканици и закани – татко во Драчево повредил своја 4-годишна ќерка
 Предмети
Пет лица се испотепале кај Момин поток
МВР
Со психолошки терор и уцени, 28-годишен штипјанец му извлекол четврт милион денари на младо момче
МВР
Пријавил напад од лажни полицајци во Центар – 26-годишен маж од Крива Паланка бил претепан
МВР
(Видео) „Обвинителството повторно го уби Љупчо“ – семејството разочарано по одлуката да нема обвинение
 Предмети
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

(Видео) „Обвинителството повторно го уби Љупчо“ – семејството разочарано по одлуката да нема обвинение

Претрес.мк
Последни промени 22/06/2025
Претрес.мк
Сподели

Јавното обвинителство по втор пат го уби нашито син, велат од семејството на Љупчо Лешко, разочарани од одлуката на обвинителот, да не поведе постапка против сопственикот на објектот каде младиот диџеј загина. Тие се убедени до струјниот удар по кој Љупчо загинал, дошло поради неисправна инсталација. Обвинителството, според решението да не се поведе постапка, вина гледа кај нивниот мртов син – бидејќи влегол во базенот и потоа излегол и ја допирал миксетата. Семејството на загинатиот пак, укажува, дека таму имало и други деца кои исто така се жалеле на пецкање од струја од почетокот на забавата, притоа, нивниот син не бил единствен мокар таа вечер, а со оглед дека имало и дожд.

„Морам да ви кажам дека е најголемиот срам за едно јавно обвинителство и една јавна обвинителка. Зошто го велам тоа.. Вие да признавате недоследности во самиот извештај, а сепак да донесете негативна одлука за тоа дали да се поведе постапка или не (се мисли на обвинение), мислам дека нема во ниту една држава, ниту во Јужана Кореа, Сомалиа, Белорусија. Зошто го велам тоа, бидејќи во решението, во повеќе наврати, јавната обвинителка зема само површни мислења, зема во предвид делови од изјави од сведоци кои на неа и одговараат а не целосно, наведува дури и лаги што исто така ќе го докажам, а сепак признава и на недоследности кои ги содржел објектот и повторно, како што кажав, донесува негативно мислење односно одлука. На што го темелам ова кажување – јавната обвинителка како причина за струјниот удар на мојот син се држи само површно на извештајот на Судска медицина кој докажува дека причината е струен удар, но докажува дека и мојот син имал хронични срцеви проблеми, како и дека најголема причина е тоа што мојот син бил мокар. Но во извештајот од Судска медицина, пишува дека, ‘создадени се услови да дојде до струен удар’, но тоа не значи што бил мокар, е главната причина. Но јавната обвинителка така го толкува тоа, сакајќи да ја прикрие сопствената неспособност, а откако по 11 месеци не дојде до резултати“, вели Раде Лешко, татко на загинатиот Љупчо.

Тој кажа и што стои во вештачењата кои ги правело Обвинителството.

„Демек ќе се вадиме сега дека вештачењето било изведено во темни услови, односно дека немало светло вечерта (кога загинал Љупчо), за да се извршат анализи на евентуални неправилности при напојувањето. Значи јавната обвинителка признава дека нејзиниот вештак не си ја извршил работата како што треба, да изврши анализи на евентуални неправилности во напојувањето или заземјувањето.. ама не признава дека заборавила односно не наложила запечатување на објектот, за 11 месеци, таму да не се вршат наводни уништувања на докази“, додаде Лешко.

Таткото, меѓудругото на вештаците им рече: „Да ви се плукнам во дипломите што ги имате, неписмени ни едни!“.

Во видеото, таткото елаборира во делот на доказите и решението:

Можеби ќе ти се допадне

Навреди, шлаканици и закани – татко во Драчево повредил своја 4-годишна ќерка

Сите детали за уапсениот осомничен дека го криел пиштолот со кој се убиени Вања и Панче: се правеле претреси

Без дозвола, со туѓо возило: Двајца осомничени за трагичната несреќа во Охрид – загина жена

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и уценет од Палевски – чувствувам срам и душевна болка“

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Навреди, шлаканици и закани – татко во Драчево повредил своја 4-годишна ќерка
Пет лица се испотепале кај Момин поток
Со психолошки терор и уцени, 28-годишен штипјанец му извлекол четврт милион денари на младо момче
Пријавил напад од лажни полицајци во Центар – 26-годишен маж од Крива Паланка бил претепан
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад