Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, прашан од адвокатот Јовица Страшевски, раскажа каде бил на 27.11.2023 година, денот кога Вања Ѓорчевска е грабната и убиена. Раскажа како станал рано, околу 08:30 минути, иако Обвинителството тврди дека во тој период веќе бил на местото „Дупки“ со обвинетите и грабнатото девојче. Палевски раскажа како дента работел на материјали за набавка на ирански дронови.
„Тој ден се разбудив во 8.30, невообичаено за мене затоа што ми беше ладно, затоа што котелот на пелети во куќата не запалил самиот. По будењето и рачното палење на котелот, пристигнаа материјали за 540 милиони долари, ирански пари во македонски банки, за што веќе говорев пред судот, истите ги ставив на клауд и пратив пораки, налог за работа, на лицето Зоран Петковски, кој сведочеше во Судот“, рече Палевски.
Потоа, според него, во периодот до 10 часот не пукал во Вања, откако на местото дошол со „рено кангу“ како што посочува и докажува Обвинителството, туку шетал куче, пиел кафе и бил во банка.
„Потоа го изнесов кучето во дворот, пиев кафе и се подготвував да излезам, читав вести и после 10 часот се упатив кон Халк банка. Напоменувам, Кешишев не беше во куќата. Помислив дека најверојатно заминал за Штип, што беше вообичаено. Се враќаше следниот ден, не беше ништо чудно што го нема. Потоа со белото ‘фиат добло’ од штабот, преку Рампа, Кисела Вода, Парламентот, Клуб на пратеници, свртев по Ленинова, па преку Буњаковец и школото Песталоци, на улицата Иван Милутиновиќ свртев десно на улицата Рајко Жинзифов и на крајот од таа улица, кон Партизанска, изгубив десетина минути да се паркирам, потоа влегов во Халк банка. Имаше гужва, работеа два шалтери. Додека чекав, се сретнав со стар познаник, Мартин Панчевски, кој го предложив за сведок, но го повлеков предлогот. Вршев плаќања за здружението ‘Десна република’, а не за партијата Десна. Платив за хост на неолку домејни кои ги поседува здружението ‘Десна република’, па платив на Васко Ристовски, сопственикот на куќата, закуп за декември 2023“, раскажуваше Палевски.
Тој тврди дека трансакциите биле во 11:30 часот и 11:44 часот, време во кое според Обвинителството, Вања е веќе убиена.
„Заминав во куќата на ‘Кирил Крстевски Платник’, каде сум роден и каде ОЈО направи претрес на 3.12.2023. Таму се задржав околу 40 минути, разговарав со моето семејство и ги платив сите обврски на фамилијата за интернет, струја, вода, телефони. Потоа заминав на Бит-пазар, спроти пазарот. На автомат на Стопанска банка извадиив 10.000 денари, за да можам да најдам и да купам грејач, за да го поправам котелот во партијата за да се пали самиот. ‘Фиатот добло’ го паркирав околу 13 часот над пазарот, каде исто така има камери, и е јавен паркинг. Околу 13 барав грејач. Потоа, барав грејач во неколку дуќани во Чаир, не најдов и се вратив во штабот. Попладнето имав неколку состаноци со членови на партијата и вечерта околу 12 ми заврши работниот ден и легнав да спијам. Тоа е мојот ден од будење до заспивање на 27 ноември 2023 година“, рече Палевски.
Тој одговараше и на прашање од неговиот бранител – дали е точно дека тој заедно со обвинетите ја грабнале Вања за да изнудат пари. Според Палевски, ова ниту е точно, ниту е докажано, па рече: „но и нелогилно од повеќе причини“.
„Од ОЈО, кое го сосотавило овој обвинителен акт ред судот донесе сведок, Зорица Ѓорчевка, мајка на отетеното дете и беше прашана дали било кој ја контакторал или се обидел да ја контактира и да ја уценува неа или друг член на семјството. ОЈО заборавило дека поминале цели 4 дена од денот на грабнување на детето до притварање на првиот осомнилен, Влато Кешишев, на 2.12, што е доволно време од 4 дена, ако некој сака да уценува да најде начин и да ја почне уцената врз Зорица Ѓорчевска. Но, после една 1,5 година притвор, се уште не можам да поверувам коку се наивни, евтини и несериозни анализите на еден дел од медиумите, каде има и исклучоци, кои се уште брутално ја лажат јавноста брифирани од Гаврил Бубевски.. Зошто ова го тврдам. Доколку е уцена заради користољубие, просечен криминален ум, доколку е во релација со таткото на оштетеното дете, кој веќе го поседува на свое име најскапиот имот на семејството, а децата се малолетни и тој е старател, криминалниот ум би ја убил Зорица Ѓоревска, а не Вања Ѓорчевска, затоа што целокупниот имот на тоа семејство, заедно со депозитот од 30.000 евра во банка и новото возило ќе прејдат во владение и 50 проценти сопственост на законскиот старател Александар“, сведочеше Палевски.
Според него, недокажан е мотивот, полн само со индиции.
„Од местото на закопување на убиеното дете, од изборот на жртата во однос на зградата каде живеела, индиции кои се ладно и намерно направени, а кои укажуваат на мене, затоа што јас сум ја градел и продавал таа зграда. Обвинетите Кешипев и Манев во неколку околности велат дека јас сум ја градел зградата и тоа е единствената околннист во која нивните искази се поклопуваат. Со лажни наслови и шпекулации се лаже загрижената јавност повеќе од една година. Кога се работи за мотивот, ОЈО одзема ахард диск, не го вештачеше, не го приложи во докази, го крие, не кажува дека поседувам 200.000 нелегални снимени разговори“, додаде тој.
Потоа посочи дека пред седум дена дознал дека е осуден за прислушуваните разговори на казна затвор од три години.
Во притворот пред 7 дена дознав дека јас сум единствениот Македонец кој ОЈО требало да знае, ама не знае, а и судот исто така, кога ми пишуваат решение за притвор, затоа што сум веќе осуден, односно осуден сум на 3 години ефективен затвор затоа што сум пресретнувал и снимал телефонски разговори. ОЈО барало условна казна, а јас, во отсуство, односно додека сум во притвор, сум осуден на 3 години затвор. Го известувам ОЈО, дека не прислушкулал Сашо Мијалков, туку Љупчо Палевски. Со оваа пресуда се гледа намерата на правосудниот систем кон мене. Тоа е директно поврзано и со овој процес, затоа што токму обвинителката Ана Димитревска, ми ги одзела тие 200.000 разговори за кои сум осуден на 3 години затвор. Директна врска имаат овие 2 случаи затоа што се случуваат истовремено. Немам мотив да го направам ова кривично дело, и не сум го сторил убиството“, додаде тој.
Судењето е во тек.