Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична против рудник во Македонска Каменица и против одговорното лице: во река Каменичка се испуштени тешки метали во двојно поголеми количини од дозволените и акутен токсин цијанид
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Трагичен крај на потрагата, МВР со детали: Пронајдено безживотното тело на прилепчанецот Виктор Илиоски
МВР
(Фото) Полицајци спасија 80-годишен маж кој беше заглавен на тераса откако се запали неговата куќа
МВР
Маж ја претепал сопругата со која се разведува
МВР
За една недела „Сејф сити“ регистрираше 4.490 прекршоци, најголем дел за брзо возење
МВР
Албански возач прегази 75-годишен пешак
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична против рудник во Македонска Каменица и против одговорното лице: во река Каменичка се испуштени тешки метали во двојно поголеми количини од дозволените и акутен токсин цијанид

Претрес.мк
Последни промени 20/11/2024
Претрес.мк
Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против правно лице – рудник од Македонска Каменица и против К.Б.К.(57) од Велика Британија, со дозвола за привремен престој во Македонска Каменица, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животната средина и природа“ по член 218 и „загадување на добиточна храна и вода“ по член 223 од Кривичниот законик.

Во периодот од 01.08.2024 до 04.08.2024, при процесот на флотација, од правното лице во река Каменичка, која се влева во акумулацијата Калиманци, испуштени се отпадни води, односно тешки метали (цинк, олово, кадмиум и жива) во двојно поголеми количини од дозволените, со што на подолг рок предизвикале опасност по животинскиот и растителниот свет во Каменичка река и акумулацијата Калиманци. Од правното лице, истиот период во Каменичка река и езерото Калиманци е испуштен и акутен токсин цијанид, од чие присуство во езерото Калиманци е предизвикано акутно труење на рибите. Со вештачење со наод и мислење на Институтот за сточарство и рибарство, а врз основа на извештаи од лабараториско испитување на примероци вода од лабараторија е констатирано присуство на штетни и опасни материи во водата- тешки метали, а констатирано е и присуство на акутен токсин цијанид во смртоносна доза, а кој е причинител на труењето на рибите.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Трагичен крај на потрагата, МВР со детали: Пронајдено безживотното тело на прилепчанецот Виктор Илиоски
(Фото) Полицајци спасија 80-годишен маж кој беше заглавен на тераса откако се запали неговата куќа
Маж ја претепал сопругата со која се разведува
За една недела „Сејф сити“ регистрираше 4.490 прекршоци, најголем дел за брзо возење
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад