На 05.07.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, С.А.(49) во Скопје, управувајќи мопед „веспа спринт“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.