Двајца родители пријавиле во полиција дека нивните малолетни синови биле физички нападнати од наставник за време на турнир во мал фудбал во спортска сала на основно училиште во скопски Чаир.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 19 ноември во 23 часот. В.Р. (47) и Е.Љ. (44), двајцата од Скопје, пријавиле дека нивните синови биле нападнати од наставникот А.Н. додека се одржувал турнирот.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
