Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: МВР ја откажува набавката на униформи поради лош квалитет
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Масовна тепачка во Прилеп: Осум лица приведени, напад и во Итна помош
МВР
Маж од Битола ја нападнал сопругата со метални и дрвени предмети
МВР
Турски државјани со „ауди“ удриле доставувач, па физички го нападнале
МВР
МВР ја откажува набавката на униформи поради лош квалитет
МВР
(Фото и видео) За осум часа санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

МВР ја откажува набавката на униформи поради лош квалитет

Претрес.мк
Последни промени 26/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи ќе ја прекине соработката со српската компанија „Памитекс тим“, која била задолжена за набавка на еднобојни униформи за специјалните полициски единици, најавил министерот Панче Тошковски во интервју за „360 степени“.Одлуката следува по извршена суперанализа во странство, која покажала дека доставените примероци не го исполнуваат квалитетот пропишан во тендерската документација. Покрај раскинувањето на рамковната спогодба, МВР ќе ја активира и банкарската гаранција на компанијата.За разлика од оваа набавка, маскирните униформи за специјалните единици биле успешно реализирани преку битолската компанија „Ле Бранд“. Иако имало пролонгирања на роковите, од Министерството посочуваат дека тие биле согласно со законските процедури, а полициските службеници веќе ги користат униформите и се задоволни од нивниот квалитет.Министерот признал и дека набавката на униформи за редовниот полициски состав е во застој. Тендерот, кој опфаќа околу три четвртини од вкупниот полициски кадар, бил поништен по вторпат поради несоодветен квалитет кај еден понудувач и превисока цена кај друг.Од МВР најавуваат дека во иднина ќе инсистираат на поголема конкуренција и транспарентност во јавните набавки, со фокус на обезбедување поквалитетна опрема, реални пазарни цени и нови набавки на службени возила за теренска работа.Министерот упатил повик до домашните и странските компании да учествуваат на идните тендери, со цел да се обезбеди поголема конкуренција и најдобра вредност за јавните средства.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Масовна тепачка во Прилеп: Осум лица приведени, напад и во Итна помош
Маж од Битола ја нападнал сопругата со метални и дрвени предмети
Турски државјани со „ауди“ удриле доставувач, па физички го нападнале
МВР ја откажува набавката на униформи поради лош квалитет
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад