Петок, 20 ноември
27 настани од дневниот билтен на МВР, прочитани и сместени на мапата од 192.mk.
-
19:10
Подрачје на СВР Куманово · Семејно насилство
Приведен 54-годишник поради закани кон својата ќерка
Полицијата привела 54-годишник затоа што агресивно се однесувал и ѝ се заканувал на својата 30-годишна ќерка. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
-
10:15
Романовце, Куманово · Сообраќај
Тешко повреден 61-годишник во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје–Куманово
На автопатот Скопје–Куманово, во атарот на Романовце, автомобил „цитроен“ удрил во 61-годишник, а потоа во неговиот „фолксваген пасат“, кој претходно го запрел поради дефект. Со тешки телесни повреди се здобил 61-годишникот, а со телесни повреди 44-годишниот возач на „цитроенот“, констатирани во Општа болница Куманово. Увид извршила екипа на СВР Куманово.
-
—
Крива Паланка · Семејно насилство
Приведена 24-годишна жена по пријава дека го нападнала сопругот со остар предмет
Полицијата на 19 ноември во 15:20 часот привела 24-годишна жена по претходна пријава од нејзиниот сопруг дека во семејниот дом го нападнала со остар предмет. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.