Од билтенот на МВР
Четврток, 8 октомври
20 настани од дневниот билтен на МВР, прочитани и сместени на мапата од 192.mk.
-
21:00
Гевгелија · Дрога
Приведени двајца мажи по пронајдена марихуана во автомобил
Полицијата лишила од слобода двајца мажи на возраст од 27 и 43 години, откако во автомобил со хрватски национални ознаки во кој се превезувале пронашла марихуана и дробилка. Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.